Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


11 октомври 2025

Маникоуаган – ударен кратер од вселената

Кредит за слика & авторски права: NASA, International Space Station Expedition 59

Објаснување: Орбитирајќи на 400 километри над Квебек, Канада, екипажот на мисијата „Експедиција 59“ на Меѓународната вселенска станица ја сними оваа глетка од широката река Сен Лоренс и необично кружното Езеро Маникоуаган на 11 април 2019 година. Десно од центарот, прстенестото езеро е современ резервоар сместен во еродираните остатоци од древен ударен кратер со дијаметар од околу 100 километри. Древниот кратер е многу впечатлив од орбитата — јасен потсетник дека Земјата е ранлива на карпи од вселената. Стар повеќе од 200 милиони години, кратерот Маникоуаган најверојатно настанал од удар на карпест објект со дијаметар од околу 5 километри. Во моментов, не постои познат астероид што има значајна веројатност да ја погоди Земјата во наредниот век. Секој месец, Канцеларијата за планетарна одбрана на НАСА објавува ажурирање со најновите податоци за блиските прелети на објекти блиску до Земјата, како и други факти за комети и астероиди што би можеле да претставуваат потенцијална опасност од удар со Земјата.

Утрешна слика: Воден свет


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy