Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


10новември 2025

Микро Месечина наспроти Супер Месечина

Kredit za sliku & autorska prava: Şenol Şanlı"

Објаснување: Што беше толку „супер“ кај супер-месечината во средата? Минатата недела имавме полна Месечина што изгледаше малку поголема и посјајна од вообичаено. Причината е што фазата на целосно осветлување се совпадна со периодот близу перигеј — моментот кога Месечината е најблиску до Земјата на својата елиптична орбита. Иако точните критериуми за тоа што е супер-месечина може да се разликуваат, супер-месечината од средата без сомнеж беше најблиската, најголемата и најсветлата полна Месечина оваа година. Една од причините зошто супер-месечините се толку популарни е тоа што се многу лесни за забележување — само излези надвор при зајдисонце и погледни го импресивното издигнување на полната Месечина! На прикажаната снимка, супер-месечината од средата е споредена со априлската микро-месечина — кога полната Месечина се појавува близу најоддалечениот дел од својата орбита, па изгледа малку помала и потемна од вообичаено. Според многуте различни дефиниции, барем една супер-месечина се случува секоја година — а уште една доаѓа следниот месец.

Утрешна слика: Синото, сино Јупитер


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy