Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


09 октомври 2025

Џенга Месечината

Кредит за слика & авторски права: Mike Carroll

Објаснување: Таa голема, светла и преубава Полна Месечина што ја гледавте како изгрева вечерта на 6 октомври беше Жетвената Месечина. Позната во фестивали, приказни и песни, Жетвената Месечина е само традиционалното име за пoлната месечина што е најблиску до времето на есенската рамноденица на северната хемисфера. Според преданијата, името е соодветно. И покрај тоа што дневната светлина се намалува, кога сезоната на растење се ближи кон крајот на север, земјоделците можеле да ги жнеат посевите под светлината на полната месечина што сјае од самрак до зори. Подоцна во годината од вообичаено, во 2025 година октомвриската Жетвена Месечина кај некои беше позната и како супер-месечина, термин што станува традиционално име за полна месечина близу времето на лунарниот перигеј. А оваа телеобјективска фотографија на (речиси) пoлната месечина што изгрева над впечатлив облакодер во Њујорк, направена на 5 октомври, сугерира уште едно можно име за пoлната месечина.

Утрешна слика: 50 светлосни години до 51 Пег


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy