Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
08 октомври 2025
NGC 7380: Маготската маглина
Кредит за слика & авторски права: Nevenka Blagovic Horvat & Miroslav Horvat
Објаснување: Кои сили се применуваат во Маготската маглина? Гравитација доволно силна за да создава ѕвезди — и ѕвездени ветрови и зрачења доволно моќни за да градат и растопуваат кули од гас. На оддалеченост од само 8.000 светлосни години, Маготската маглина, прикажана овде, го опкружува развојното отворено јатo ѕвезди NGC 7380. Визуелно, меѓусебното дејство на ѕвезди, гас и прав создава облик што на некои им личи на измислен средновековен волшебник. Овој активен регион на создавање ѕвезди опфаќа околу 100 светлосни години — доволно широко за да изгледа поголем од аголниот пречник на Месечината. Маготската маглина може да се пронајде со мал телескоп, во насока на соѕвездието Цефеј — Кралот на Етиопија. Иако самата маглина можеби ќе опстане само неколку милиони години, дел од ѕвездите што се создаваат во неа може да го надживеат и нашето Сонце.
Утрешна слика:
Јенга
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin