Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
SN Encore: Втора супернова видена повеќепати
Кредит за слика & авторски права: Webb (main): NASA, ESA, CSA, STScI, J. Pierel (STScI) & A. Newman (Carnegie Inst. for Science);
Hubble (rollover): NASA, ESA,
STScI, S. A. Rodney (U. South Carolina) & G. Brammer
(NBI, U. Copenhagen)
Објаснување: Сега и втора супернова во истата галаксија „се повторува“. Причината е ефектот на гравитациска леќа од масивно јато галаксии (MACS J0138), кое создава повеќекратни слики од совршено подредената позадинска галаксија (MRG-M0138). Особено интересно е што оваа позадинска галаксија содржи млади ѕвезди што постојано експлодираат. А сликите од секоја експлозија на супернова ни пристигнуваат повеќепати, по различни патеки низ јатото. Првиот сет на гравитациски-леќно умножени супернови, прикажан на придружната снимка, е наречен Requiem и првпат бил забележан со вселенскиот телескоп „Хабл“ во 2016 година. Овој втор сет на леќно умножени супернови е наречен Encore и првпат бил забележан со вселенскиот телескоп „Веб“ во 2023 година. Се предвидува дека на пат се уште слики од овие супернови, а точниот момент на нивното пристигнување може да му помогне на човештвото подобро да ја разбере распределбата на масата во јатото галаксии, самите супернови, а можеби дури и Универзумот.
Утрешна слика:
Волшебникови ѕвезди
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin