Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


06 октомври 2025

Менливиот јонски опаш на кометата Леммон

Кредит за слика & авторски права: Victor Sabet & Julien De Winter

Објаснување: Како се менува опашот на една комета? Зависи од кометата. Јонскиот опаш на кометата C/2025 A6 (Lemmon) значително се менувал, како што е прикажано на избраната секвенца од слики направена во период од шест дена — од 25 септември до 4 октомври (од лево кон десно) — од Тексас, САД. На некои денови јонскиот опаш на кометата бил релативно покомплексен отколку на други денови. Причините за овие промени во опашот вклучуваат стапка на исфрлање материјал од јадрото на кометата, силата и сложеноста на сончевиот ветер што минува, како и брзината на ротација на самата комета. Понекогаш, во текот на една недела, привидните разлики можат да произлезат и од промена на гледиштето од Земјата. Воопшто земено, јонскиот опаш на кометата ќе биде насочен од Сонцето, бидејќи исфрлениот гас е поттурнат наназад од сончевиот ветер. Кометата Лемон сè уште се приближува и се засилува по сјај, поминувајќи најблиску до Земјата на 21 октомври и најблиску до Сонцето на 8 ноември.

Утрешна слика: Повраток на супернова


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy