Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
05 октомври 2025
Долготрен систем на бура на Сатурн
Кредит за слика & авторски права: NASA, JPL, ESA, Cassini Imaging Team, SSI
Објаснување: Ова беше една од најголемите и најдолготрајните бури некогаш забележани во нашиот Сончев систем. Првпат забележана кон крајот на 2010 година, прикажаната облачна формација во северната хемисфера на Сатурн започнала поголема од Земјата и набрзо се проширила целосно околу планетата. Бурата била следена не само од Земјата, туку и одблизу од роботското вселенско летало Касини, кое во тоа време орбитирало околу Сатурн. Овде е прикажана во лажно обоена инфрацрвена снимка направена во февруари, при што портокаловите нијанси означуваат облаци длабоко во атмосферата, додека светлите нијанси ги истакнуваат облаците повисоко горе. Прстените на Сатурн се гледаат речиси од раб, како тенка сина хоризонтална линија. Извитканите темни појаси се сенките од прстените, фрлени врз врвовите на облаците од Сонцето, лоцирано горе лево. Бидејќи била извор на радио-шум предизвикан од молњи, се сметало дека оваа интензивна бура е поврзана со сезонските промени кога пролетта започнува во северниот дел на Сатурн. По повеќе од шест месеци беснеење, оваа иконична бура го обиколила целиот планет и потоа се обидела да го апсорбира сопствениот опаш — што изненадувачки довело до нејзиното исчезнување.
Утрешна слика:
Oпаши на кометата Леммон
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin