Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


04 декември 2025

Галаксии во Печката

Кредит за слика & авторски права: Simone Curzi and the ShaRA Team

Објаснување: Пример за насилство на космичка скала, огромната елиптична галаксија NGC 1316 се наоѓа околу 75 милиони светлосни години далеку, во насока на Fornax, јужното соѕвездие Печка. Истражувајќи го овој зачудувачки призор, астрономите се сомневаат дека џиновската галаксија се судирала со помалата сосетка NGC 1317, видлива десно од центарот на големата галаксија, создавајќи далекусежни ѕвездени струи во обрачи и школки. Светлината од нивната блиска средба би пристигнала на Земјата пред околу 100 милиони години. На острата телескопска снимка, централните региони на NGC 1316 и NGC 1317 изгледаат разделени за над 100.000 светлосни години. Сложените прашливи ремени што се гледаат во внатрешноста исто така укажуваат дека NGC 1316 е резултат на спојување на галаксии во далечното минато. Наоѓајќи се на периферијата на јатото галаксии Fornax, NGC 1316 е позната како Fornax A. Како една од визуелно најсветлите галаксии во јатото Fornax, таа е и еден од најсилните и најголеми небесни радио-извори, со радио-емисија што се протега далеку надвор од ова видно поле широко еден степен.

Утрешната слика:: Пиксели во вселената




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy