Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


02 октомври 2025

Плутон во ноќта

Кредит за слика & авторски права: NASA, Johns Hopkins Univ./APL, Southwest Research Institute

Објаснување: Темната страна на Плутон ја исполнува оваа засенета сцена. Во овој зачудувачки поглед од вселената, Сонцето се наоѓа 4,9 милијарди километри (речиси 4,5 светлосни часа) зад темниот и далечен свет. Снимката е направена од далечната сонда New Horizons во јули 2015 година, кога леталото се наоѓало на оддалеченост од околу 21.000 километри од Плутон — околу 19 минути по најблиското минување. Во драматична силуета на жителот на Кајперовиот појас, снимката ги открива и тенките, изненадувачки сложени слоеви на Плутоновата маглива атмосфера. Близу горниот дел од рамката, сумрачниот пејзаж во тенок обод ги опфаќа јужните подрачја на рамнини од замрзнат азот, формално познати како Sputnik Planitia, и нерамните планини од воден мраз во Norgay Montes.

Утрешна слика: Пандориниот јат


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy