Поради прекин на државното финансирање, НАСА моментално не може да објавува нови слики на денот (АПОД).

Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


01 октомври 2025

NGC 6960: Маглина Вештеркина метла

Кредит за слика & авторски права: Brian Meyers

Објаснување: Пред десет илјади години, пред почетокот на забележаната човечка историја, нова светлина ненадејно би се појавила на ноќното небо и избледела по неколку недели. Денес знаеме дека таа светлина потекнувала од супернова — експлодирана ѕвезда — и дека проширениот облак од остатоци го бележиме како Маглината Вео, остатоци од супернова. Овој остар телескопски поглед е насочен кон западниот дел од Маглината Вео, впишан во каталогот како NGC 6960, но неформално познат како Маглина Вештеркина метла. Исфрлени во катаклизмичната експлозија, меѓуѕвездениот ударен бран се движи низ просторот, собирајќи и возбудувајќи меѓуѕвезден материјал. Снимени со теснопојасни филтри, светлечките филаменти изгледаат како долги бранови во превиткана обвивка гледана речиси од страна, извонредно јасно поделени на атомски водород (црвено) и кислород (сино-зелено). Целиот остатоци од суперновата се наоѓаат на околу 1.400 светлосни години далеку, во насока на соѕвездието Лебед. Оваа „Вештеркина метла“ всушност се протега околу 35 светлосни години. Јарката ѕвезда во рамката е 52 Cygni, видлива со голо око од темна локација, но неповрзана со древниот остаток од суперновата.

Утрешна слика: Царство на сенките


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA АПОД преводите на македонски јазик: Дипл.инг.др. Љиљана Грачанин и Киро Стојанов
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --

Захваљујем се на техничкој помоћи:
Саша Грачанин & Кирион Хале

e-astronomy